Достапни линкови

Во Иран осуден Американец за шпионажа


Архива - иранското национално знаме.

Иранскиот суд осуди Американец со двојно државјанство на десет години затвор по обвиненија за шпионажа, соопшти портпаролот на судот без да го наведе името на лицето и детали кога била изречена пресудата.

Портпаролот Голамхосеин Мохсени Еџи на државната телевизија денеска рече дека лицето кое собирало информации и било директво водено од Америка е осудено ма десет години затвор, но оти казната може да биде обжалена. Тој додаде дека лицето е државјанин на САД и на неименувана земја које не е Иран.

XS
SM
MD
LG