Достапни линкови

Австралија ја повика Русија да се придржува кон резолуцијата 2166


Архива - Холандски истражители местат знак на местото на уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс.“

Австралија ја повика Русија да соработува во новите процеси за гонење на осомничени сторители кои го соборија авионот на „Малезија ерлајнс МХ17“ над територијата на источна Украина во јули 2014 година кога загинаа сите 298 патници.

Холандските истражители во 2015 година заклучија дека авионот бил срушен од руски проектил „Бук“ врз територијата над источна Украина, која е под контрола на сепаратистите поддржани од Русија.

Австралијанската министерка за надворешни работи Џули Бишоп ја повика Русија да се придржува кон резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ОН, напишана од страна на Австралија.

Минатиот месец холандските власти соопштија дека осомничените во случајот ќе бидат судени во холандски суд и според законите на земјата.

Русија, која отфрла било каква вклученост во борбите во источна Украина, исто така негира дека најзина ракета би мопжела да биде употребена за соборување на авионот.

Повеќето од патниците во авионот „Боинг 777“ кој леташе од Амстердам до Каула Лумпур беа од Холандија, другите патници беа од 18 земји, вклучително 38 од Австралија.

XS
SM
MD
LG