Достапни линкови

Израелски војници убија осомничен палестински милитант


Архива - припадници на силите на Израел обезбедуваат простор во Ерусалим.

Израелските сили денеска застрелаа осомничен палестински милитант кој го барале да го уапсат, откако отворил оган на нив во Западниот Брег, соопшти армијата. Човекот, идентификуван од страна на израелската полиција како Амар Халил – 34-годишен од селото Наби Салах во Западниот Брег, бил осомничен дека на 15 јули извршил два одделни напади, се вели во соопштението на армијата.

Засега не се пријавени израелски жртви, а нема ниту коментари од страна на палестински претставници. Бранот немири започна во 2015 година во кој загинаа најмалку 260 Палестинци и 44 израелци. Израел вели дека повеќето од убиените Палестинци извршувале напади, додека другите загинале во судири и протести. Насилството е забавено, но не и запрено.

XS
SM
MD
LG