Достапни линкови

Земјотрес од 5.3 степени го погоди Крит


Архива - островот Крит.

Земјотрес од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди грчкиот остров Крит, сопшти националниот институт за геодинамика. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри под морското дно, на околу 60 километри источно од градот Хераклион.

Земјотресот бил почувствуван силно во источниот дел на Крит, но нема податоци за настрадани лица и за причинета материјална штета, јавија локални медиуми. По првиот земјотрес во период од половина час имаше три потреси со интензитет од по 3,5 степени.

XS
SM
MD
LG