Достапни линкови

Авганистанските сили заземаа област од Талибанците


Архива - припадници на безбедносните сили на Авганистан за време на операција против Талибанците во провинцијата Хелманд.

Авганистанските сили заземаа област од талибанските милитанти во нестабилната јужна провинција Хелманд, соопшти владин претставник. Голема операција за заземање на областа Нава во Хелманд започна на 15 јули, а авганистанските трупи се движеа од три различни правци, откако меѓународните сили обезбедија воздушна поддршка, изјави портпаролот на провинцискиот гувернер Омар Зовак.

Тој рече дека безбедносните сили го заземале центарот и други клучни области во Нава, каде пред девет месеци контролата ја презедоа Талибанците. Според Зовак најмалку 12 талибански милитанти се убиени и двајца авганистански полицајци биле повредени. Талибанците имаат силно присуство во Хелманд.

XS
SM
MD
LG