Достапни линкови

Времето денеска свежо со врнежи од дожд


Архива - улица Македонија за време на дожд.

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни со над 30 литри на метар квадратен. Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови.

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температутра ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 21 степени.

XS
SM
MD
LG