Достапни линкови

Апелациониот суд одби жалби на обвинети во случаи на СЈО


Архива - Апелационен суд.

Апелациониот суд денеска ја одби жалбата на новинарката Ивона Талевска за мерките за претпазливост кои и ги определи Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, по барањето на Специјалното јавно обвинителство. Талевска е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани.“

Апелациониот суд ги одби и жалбите за мерките за претпазливост на обвинетите во случајот на СЈО „Тортура“, меѓу кои е и поранешниот началник на Алфите Ивица Анчевски – Пуки и уште четворица полицајци-алфи, за апсењето на поранешниот министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.

XS
SM
MD
LG