Достапни линкови

Шекеринска присуствуваше на воена вежба во Романија


Архива - Армијата на Република Македонија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска присуствува на мултинационална воена вежба „Saber Guardian 17“ во романската област Чинку, која е предводена од копнените сили на САД, соопшти Министерството за одбрана.

Шекеринска истакнува дека вежбата на која учествуваат 22 земји членки на НАТО и партнерски земји е шанса Македонија и АРМ да покажат дека заслужуваат да се сметаат за партнер на НАТО и оти Македонија заслужува Алијансата да ја продолжи политиката на отворени врати. Шеќеринска потенцира дека Македонија останува посветена на подобрувањето на стабилност и безбедноста на регионот и пошироко и на подобрување на условите и капацитетите на Армијата.

Таа исто така остварила и билатерална средба со министерот за одбрана на Романија, Адријан Цуцујану, која е прва меѓу министри за одбрана на двете земји по десет години.

XS
SM
MD
LG