Достапни линкови

Почина првата жена добитничка на Филдсов медал


Архива - Иранската професорка Марјам Мирзахани.

Иранската професорка Марјам Мирзахани, која во 2014 година стана првата жена добитник на Филдсовиот медал - најпрестижната меѓународна награда за математика, почина по битката со ракот, соопштија иранските медиуми.

Мирзахани е математичарка и професорка на Универзитетот Стенфорд, денеска почина во болница во САД, потврди член на нејзиното семејство. Таа е родена во Техеран 1977 година, а докторираше на Харвард во 2004 година.

XS
SM
MD
LG