Достапни линкови

Денеска продолжува собраниската седница за буџетот


Архива - Расправа во Собранието.

Ново продолжение на 8-та седница на Собранието е закажано за денеска, откако до доцна синоќа пратениците расправаа по Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година.

Во текот на расправата пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека економските политики на претходната Влада биле ефикасни и придонеле за раст на економијата, намалување на невработеноста и финансиска стабилност, критикувајќи го предложениот ребаланс на Буџетот со кој сметаат дека се кратат финансии за проекти значајни за граѓаните.

Пратениците на СДСМ рекоа дека претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не водела сметка за приватниот сектор и за подобар живот на граѓаните.

XS
SM
MD
LG