Достапни линкови

Две Украинки убиени во Хургада


Илустрација-одморалиштето Хургада во Египет

Две Украинки загинаа во нападот со нож во хотел во египетското одморалиште Хургада, јавуваат египетските медиуми повикувајќи се на официјални претставници. Според извештаите, четворица други туристи се повредени во денешниот напад. Претходно, египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека шест странски туристи од различни националности се повредени. Од министерството информираа дека напаѓачот бил уапсен веднаш по нападот. Според првичната истрага тој влегол во хотелот пливајќи од блиската плажа и ги нападнал туристите. Мотивот за нападот се уште е непознат.

XS
SM
MD
LG