Достапни линкови

Двајца полицајци убиени во Ерусалим, напаѓачите застрелани


Израел-полицајци го носат телото на напаѓачот откако беше застрелан,14.07.2017

Три лица денеска убија двајца полицајци во близина на едно од најсветите места во израелскиот град Ерусалим, по што напаѓачите беа убиени од безбедносните сили, соопшти полицијата. Ова е еден од најсериозните напади во последниве години во светото местото познатото како Ридот на храмовите кое е важно и за Евреите и за муслиманите. Израелските власти ја затворија областа за петочното собирање на муслиманските верници што предизвика лутина кај палестинските верски лидери. Палестинскиот претседател Махмуд Абас во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху го осудил нападот но нагласил и дека затворањето на областа би можело да има реперкусии. Ниту една група засега не ја презема одговорноста за нападот.


XS
SM
MD
LG