Достапни линкови

Заев побара од опозицијата да биде конструктивен партнер


Архивска фотографија-премиерот Зоран Заев го презентира Акцискиот план 3-6-9, 05.07.2017

Премиерот Зоран Заев денеска на собраниската комисија за европски прашања на која се разгледува владиниот план за реформи именуван 3-6-9 побара од опозицијата соработка, наведувајќи дека не барале од неа да прифати се, туку да учествува, да дава идеи и како што рече да биде конструктивен партнер. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ забележа дека опозицијата не била консултирана за овој план, додавајќи дека такви планови Македонија имала усвоено повеќе пати. Тој побара увид во нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија. Премиерот Заев, пак, побара собранието да закаже седница во почетокот на идната недела за ова прашање на која, како што рече, ќе го презентирал договорот, но претседателот на парламентот Талат Џафери наведе дека тоа не можело да се реализира до 27 месецов поради процедурални причини. Владата на петти јули го презентираше планот 3-6-9 за приоритетните реформи во првите три месеци.



XS
SM
MD
LG