Достапни линкови

Русија очекува значајни предлози од претстојните разговори со САД


Мапа на Русија со илустрација за санкциите на САД врз земјата.

Русија очекува значителни предлози за подобрување на односите со САД за време на дипломатските разговори во Вашингтон закажани за 17 јули. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Москва можеби ќе биде принудена да преземе мерки против САД како одговор на одлуката од декември, минатата година на тогашниот претседател Барак Обама да протера 35 руски дипломати и да затвори два руски центри.

Според неа, САД одбиле да им издадат визи на кандидатите кои треба да ги заменат протераните дипломати. Таа додаде дека средбата меѓу заменик министерот за надворешни работи Сергеј Риабоков и американскиот државен потсекретар Томас Шенон ќе биде повеќе од само протоколарен настан.

XS
SM
MD
LG