Достапни линкови

Укинат притворот на новинарот Божиновски


Зоран Божиновски, новинар.

ЗНМ соопшти дека Кривичниот суд во Скопје денеска го ослободил од притвор новинарот Зоран Божиновски. Според ЗНМ, мерката притвор е заменета со мерка на претпазливост. Македонија, како што наведуваат од ЗНМ, со таквата одлука на судот, излегла од срамната листа на земји каде има новинари во затвор.

Божиновски е обвинет во случајот „Шпион“ и се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена. Истрагата за него беше запрена поради неговата недостапност се до април, 2016 година кога е екстрадиран од Србија во Македонија. ЗНМ неколку пати бараше укинување на притворот на Божиновски.

XS
SM
MD
LG