Достапни линкови

Чеченскиот лидер со критика за казните за убиството на Немцов


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров упати критика за осудувањето и изрекувањето на затворските казни за петмината обвинети за убиството на рускиот опозициски лидер Борс Немцов. Според него, лицата кои се од Чеченија биле осудени врз основа на сомнителни докази. Тој истакна и дека бил изненаден од одлуката на руското обвинителство да бара доживотна казна за Заур Дадајев, кој го застрелал Немцов. Осудените, како што наведе, биле невини.

Судот вчера ги изрече казните за осудените, а казните се движат од 20 до 11 години затвор. Нeмцов, кој беше гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин и на Кадиров, кој е близок до Кремљ, беше убиен на мост во Москва на 28 февруари 2015 година.

XS
SM
MD
LG