Достапни линкови

Повредени 3 лица во напад на свето место во Ерусалим


Израелската полиција врши увид на место на напад во октомври, минатата година.

Три лица биле повредени кога вооружена група отворила оган во близина на еврејско свето место во Ерусалим. Израелските власти соопштија дека полицијата ги убила тројцата напаѓачи. Двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба. По нападот сите влезови во стариот град биле затворени, а петочната молитва во џамијата Ал Акса била откажана.

Од септември 2015 година во напади на Палестинци загинаа 43 Израелци и тројца странски државјани. За време на истиот период израелските сили убиле повеќе од 250 Палестинци, од кои повеќето, според нив биле напаѓачи или планирале напади.

XS
SM
MD
LG