Достапни линкови

Русија може секаде да повтори пуч како спречениот во Црна Гора


Слики на Интерпол за осомничените за спречениот пуч во Црна гора во 2016 година

Експертите предупредуваат дека обидот за пуч во минатата година од руски агенти за кој Црна Гора соопшти дека бил спречен би можело да биде повторен. Затоа, како што додаваат, Вашингтон би требало да преземе повеќе за заштита на европските земји. Експертите ова го оценија за време на сослушувањето во сенатскиот Комитет за воени прашања кое беше фокусирано врз ситуацијата на Балканот. „Обидот за пуч не беше прв и по се изгледа нема да биде последен во руските напори да се поткопа суверенето право на земјите сами да решаваат за нивното членство во меѓународни организации“, изјави Лиза Семп задолжена за Русија и Европа во Белата куќа и во министерството за одбрана. Според потпретседателот на Атлантскиот совет Дејмон Вилсон пак, Русија сака да го шири влијанието со поткопување на прозападните влади, користејќи корупција и организиран крминал.

XS
SM
MD
LG