Достапни линкови

Прекинат процесот против осумтемина Срби за воени злосторства во Сребреница


Погреб на останките на жртви од геноцидот во Сребреница на 11 јули 2017

Процесот против осумтемина Срби обвинети за извршени воени злосторства во селото Кравице крај Сребреница е прекинат денеска, откако Апелациониот суд во Белград го отфрли обвинителниот акт против нив со образложение дека тој не бил поднесен од овластен обвинител.

Судот оцени дека во време на поднесувањето на обвинението тогашниот обвинител за воени злосторства Владимир Вукичевиќ веќе бил во пензија, па затоа и немал овластување за покренување на обвинителниот акт.

Според Судот, процесот против осумтемина осомничени ќе биде во прекин сè до поднесување на ново обвинение од страна на актуелниот обвинител за воени злосторства Снежана Станојковиќ.

Обвинетите беа уапсени во 2015 година, но подоцна беа ослободени од притвор и покрај сериозноста на обвинението.

Ова е прв предмет во кој еден суд во Србија разгледува случај поврзан со масакрот на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница.

XS
SM
MD
LG