Достапни линкови

Иванов на средба со Бејли побарал поддршка за членството во НАТО


Средба на претседателот Ѓорѓе Иванов со американскиот амбасадор Џес Бејли во 2015 година.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид остварил средба со американскиот амбасадор, Џес Бејли. На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, се разговарало за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и САД, за состојбите во врска со европската и евроатлантската перспектива на земјата, како и генерално за состојбите во регионот на Југоисточна Европа. Иванов истакнал дека е неопходно да се создаде нов поттик и дополнителен импулс за членството на Македонија во НАТО.

XS
SM
MD
LG