Достапни линкови

Средба на Советот НАТО-Русија во Брисел


Знамето на Русија и на НАТО

Во Брисел започна средбата на Советот НАТО-Русија. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат мерките за намалување на тензиите и ризиците по неодамнешните инциденти кои вклучуваа маневрирање на воени авиони кои летаа над Балтичкото море.

Руски медиуми јавија дека двете страни ќе разговараат и за конфликтот во источна Украина. Говорејќи во Киев пред некој ден, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Москва да ја повлече војската од Украина и да ја прекине поддршката на проруските бунтовници.

XS
SM
MD
LG