Достапни линкови

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Париз


Американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија пристигнаа во Париз.(13.07.2017)

Американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија пристигнаа во Париз. Тие денеска ќе го разгледаат Париз, а утре ќе присуствуваат на прославите по повод Денот на Бастиља.

На церомонијата ќе биде одбележана и 100 годишнината од американското учество во Првата Светска војна. Вечер Трамп ќе се состане со францускиот претседател Емануел Макрон со кого ќе разговара за конфликтот во Сирија и за глобалните анти – терористички напори.

Според истражувањето на Истражувачкиот Центар Пју, само 14 проценти од французите имаат доверба во способноста на Трамп „да превзема вистински чекори за светските прашања“.

XS
SM
MD
LG