Достапни линкови

Дачиќ: како Скопје ќе се однесува со нас, така и ние со него


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави, по повод реакциите на Македонија по неговата оценка дека било грешка признавањето на името на Македонија, дека официјален Белград ќе се однесува на ист начин како што Скопје ќе се однесува спрема Србија. Ова го пишува „Вечерње новости“ цитирајќи ја изјавата на Дачиќ: „Повеќе пати на македонските официјални претставници им порачав: како вашата држава ќе се однесува спрема Србија на меѓународната политичка арена, така и ние ќе се однесува спрема вас“. Притоа тој забележал дека „натаму воопшто не би ја ширел приказната на таа тема“. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека жали за изјавата на Дачиќ, дадена во Атина, дека Србија погрешила што ја призна Македонија под уставното име.

XS
SM
MD
LG