Достапни линкови

Трамп: не знаев за средбата на син ми со руската адвокатка


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот најстар син Доналд јуниор, Њу Орлеанс, 04.03.2016.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не бил запознат со тоа дека неговиот најстар син Доналд имал средба со руската адвокатка Наталија Веселницкаја за време на минатогодишната претседателска кампања. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс изјави дека за тоа дознал пред неколку денови и оти син му не направил ништо лошо. Претходно Трамп Јуниор обелодени мејл преписка во која се гледа дека тој се согласил да се сретне со адвокатката која била блиска на Кремљ бидејќи таа имала некаква компромитиричка информација за демократскиот кандидат Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG