Достапни линкови

Поддршка од Меркел за евроатлантската интеграција на Македонија


Германската канцеларка Ангела меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Паоло Џентилони, Трст, 12.07.2017.

Премиерот Зоран Заев во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Германија Ангела Меркел, на која таа изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Македонија во ЕУ, соопшти владината прес-служба. Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката меѓу Македонија и Германија во области важни за граѓаните на двете земји, информира владината прес-служба за средбата на Заев со Меркел во Трст каде се одржа самитот „ЕУ - Западен Балкан“.

XS
SM
MD
LG