Достапни линкови

Времето денеска: сончево и многу топло


Во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе дува северозападен ветер, кој на север и вдолж Повардарието ќе засилува. Претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 30 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 37 степени.

XS
SM
MD
LG