Достапни линкови

Пол Рајан: процедурални прашања ги одложуваат руските санкции


Претседателот на американскиот конгрес Пол Рајан

Претседателот на американскиот конгрес, Пол Рајан, вели дека тој сака што е можно побрзо да го наметне пакетот нови тешки нови санкции против Русија и Иран, но дека процедурални и политичките прашања ја одложуваат таа акција. Републиканоцот Рајан рече дека "сега имам процедурални прашања", додавајќи дека неговата партија соработува со демократите за да го испрати нацрт-законот во Сенатот за решавање на тие прашања. "Има некои политички прашања за кои треба да се осигураме дека не им помагаме на руските олигарси и нафтените фирми", изјави тој за новинарите. Белата куќа се противи на законот, велејќи дека ги врзува рацете на претседателот Доналд Трамп во справувањето со Русија во однос на идната политика за санкции . Сенатот на 15 јуни гласаше за наметнување на тешки нови санкции против Русија поради наводно мешање во американските избори и други прашања, но тоа беше заглавена во Конгресот . Санкциите за Иран исто така се вклучени во законот.

XS
SM
MD
LG