Достапни линкови

Огромна санта мраз се одвоила од Антартикот


Сателитска снимка на сантата мраз која се одвои од Антартикот.

Огромна санта мраз се одвоила од ледената плоча на Антартикот и започнала да плови накај север. Сантата мраз е со површина од околу 5800 метри квадратни, 175 километри долга и 50 километри широка. Тоа е досега една од најголемите санта мраз при што се потребни неколку години за да се стопи. Научниците веруваат дека одделувањето на сантата мраз не е предизвикано од климатските промени и нема да влијае на нивото на морето.

XS
SM
MD
LG