Достапни линкови

Грчко МНР го повика Рот да биде чувствителен кон европските партнери


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас

Атина го повика државниот министер на германското МНР за Европа, Михајл Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји.

Грчкото МНР, имено го повика германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михајл Рот, да биде повнимателен и да го покаже потребното почитување за чувствителноста на неговите европски партнери, стои во соопштение на грчкото МНР.

Реакцијата се однесува на изјавата на Рот за време на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, во која рече дека „никој надвор од Македонија и Грција не го сфаќа спорот, кој е сосема апсурден“.

Мислам дека треба да оставиме историјата да си остане историја и да одиме кон заедничка иднина, рече вчера Рот во Скопје.

XS
SM
MD
LG