Достапни линкови

Трамп во дводневна посета на Франција


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе отпатуваат за Франција во дводневна посета на земјата.Белата куќа соопшти дека се очекува Трамп и неговата сопруга, утре наутро да пристигнат во Париз, а задутре ќе присуствуваат на прославата по повод Денот на Бастиља.

Трамп ќе оствари средба и со францускиот претседател Емануел Макрон, а во фокусот на разговорите ќе биде конфликтот во Сирија и напорите во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG