Достапни линкови

Убиен руски воен советник во Сирија


Руски војници во Сирија.

Руското министерство за одбрана соопшти дека руски воен советник бил убиен во Сирија. Според соопштението, капетанот Николај Афанасов бил убиен во напад со минофрлач во западната покраина Хама. Афанасов бил стациониран во Сирија со група на руски воени советници кои имале задача да ги тренираат сириските сили. Во борбите во Сирија досега загинаа 32 руски војници.

XS
SM
MD
LG