Достапни линкови

Борбата против ИД во Ирак е далеку од завршена


Американскиот генерал полковник Стивен Таунсенд

Американскиот генерал полковник Стивен Таунсенд кој командува со сојузничките сили кои се борат против милитантите на Исламската држава изјави дека борбата со ИД во Ирак е далеку од завршена работа и покрај повторното освојување на градот Мосул. Ирачките безбедносни сили се уште треба да ги истераат милитантите од другите градови во Ирак кои се под нивна контрола, како Тал Афар и Хавиџа. Таунсенд изјави дека затоа не очекува значителна промена на бројот на американските сили во Ирак.

XS
SM
MD
LG