Достапни линкови

Полицијата пронајде 12 мигранти во возило


Илустративна фотографија.

Македонската полиција пронашла дванаесет мигранти, единаесет од Пакистан и еден од Египет, во возило на автопатот Скопје-Куманово додека го лишувала од слообда возачот (Б.К.) кој бил дел од разбиената организирана криминална група за криумчарење мигранти во текот на вчерашната полицика акција.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски информира дека при сопирањето на возилото во кое се пронајдени мигрантите, возачот им избегал на полицајците и на одредени делови на автопатот Гевгелија Скопје и Скопје-Куманово движел со брзина и до 200 километри на час, ја пробил првата блокада и продолжил да се движи при што во обид да ги избегне останатите полициски патроли со возилото ја искршил рампата на наплатната станица во близина на езерото „Младост„ во Велес упатувајќи се кон Куманово. Во близина на рафинеријата „ОКТА“, на автопатот Скопје-Куманово возилото било сопрено присилно при што Б.К. бил лишен од слобода.

XS
SM
MD
LG