Достапни линкови

Димитров изрази жалење за изјавата на Дачиќ


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола димитров во писмена реакција изрази жалење за изјавата на неговиот српски колега Ивица Дачиќ во која вели дека Србија направила грешка пред 20 години кога ја признала Македонија под уставното име.

„Жалам за изјавата на Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух“, вели Димитров во реакцијата.

XS
SM
MD
LG