Достапни линкови

Опозицијата во Пакистан бара оставка од премиерот поради корупција


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф

Опозициските партии бараат од пакистанскиот премиер Наваз Шариф да поднесе оставка откако истрагата на Врховниот суд во врска со обвиненијата за корупција покажа дека негови членови на семејството имале приходи од непознати извори на пари. Шариф беше под притисок откако во минатата година протекоа документи од адвокатска фирма во Панама при што беше обелоденето дека неговото семејство има офшор сметки.

Тим на истражители од Врховниот суд беше назначен со цел да ги провери наводите за имот на семејството на Шариф во Лондон и за неговото богаство надвор од земјата. Во извештајот на истражителите, кој беше објавен во медиумите е наведено дека семејството на Шариф стекнало богатство над своите приходи, при што потпишувале фалсификувани документи за да ја прикријат вистината.

XS
SM
MD
LG