Достапни линкови

Разбиена голема група на криумчари на мигранти


Мигранти во транзитниот центар Табановце.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден заедно со МВР спровело акција за разбивање на група која криумчарела мигранти. Според обвинителство, се работи за досега најголема организирана група на криумчарење мигранти.

Обвинителството против 23 лица, од кои едно малолетно лице поднело кривични пријави за неколку кривични дела. Според соопштението, на 12 лица им е одредена мерка притвор, а на едно лице куќен притвор, останатите осомничени се во бегство и се преземаат мерки и дејствија за нивно пронаоѓање.

XS
SM
MD
LG