Достапни линкови

ЕУ формално го одобри Договорот за асоцијација со Украина


Знамиња на ЕУ и на Украина.

Земјите членки на ЕУ денеска формално го поддржаа Договорот за асоцијација со Украина. Тоа беше последниот чекор во процесот на ратификација, при што договорот ќе стапи на сила на 1 септември.

Договорот првично требаше да биде потпишан во ноември 2013 година. Тогашниот украински претседател Виктор Јанукович се откажа од договорт под притисок на Русија по што следеа масовни протести и негово соборување од власт во февруари 2014 година. Русија одговори со анексија на Крим и со поддршка на бунтовниците во источна Украина.

XS
SM
MD
LG