Достапни линкови

Тилерсон во Кувајт во обид да посредува во спорот со Катар


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со кувајтскиот министер за надворешни работи Сабах ал Халед ал Сабах.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон е во посета на Кувајт во обид да ги намали тензиите меѓу Катар и другите арапски земји. Тилерсон планира во наредните два дена да посредува во спорот меѓу Кувајт, Катар и Саудиска Арабија. Спорот изби во минатиот месец кога арапските земји предводени од Саудиска Арабија воведоа санкции врз Катар поради наводните врски со исламските екстремистички групи во регионот.

Тилерсон оствари средба со кувајтскиот емир и со министерот за надворешни работи во првиот напор на САД да интервенираат во конфликтот. Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин го обвинија Катар дека продолжува со „политиката насочена кон дестабилизација на безбедноста во регионот“.

XS
SM
MD
LG