Достапни линкови

Заев ќе присуствува на самитот за Западен Балкан во Трст


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, ќе ја предводи владината делегација на четвртиот самит „ЕУ-Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес, што ќе се одржи на 12 јули во Трст. На самитот, како што наведуваат од владината прес-служба, освен премиерите и министри од шесте земји од Западен Балкан, ќе присуствуваат и претседатели и премиери на одделни европски земји, како и претставници на ЕУ и на Европската Комисија, високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и еврокомесарката за транспорт Виолета Болц.

Заев ќе оствари и билатерални средби со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Србија, Ана Брнабиќ и на Словенија, Миро Церар. Заев е предвидено да има средба и со британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

XS
SM
MD
LG