Достапни линкови

Русија се надева на успешна соработка со САД во Сирија


шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Русија и натаму ќе соработува со САД во врска со примирјето во југозападниот дел на Сирија и се надева на натамошна меѓусебна соработка во решавањето на сириската војна. Ова го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес конференција во Москва. Според него, Вашингтон треба да биде поактивен во сириските мировни преговори што ги спонзорираат Русија, Турција и Иран и кои се одржуваат во главниот град на Казахстан, Астана. САД засега се само посматрачи во овие преговори.

XS
SM
MD
LG