Достапни линкови

Времето денеска: сончево и потопло


Во Македнија ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има слаб развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло. Во попладневните часови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 38 степени.

XS
SM
MD
LG