Достапни линкови

Сијарто: Ако не се забрза евроинтеграцијата на Западен Балкан ќе имаме безбедносни предизвици


Седум земји-членки на Европска унија од Централна Европа денеска ја повикаа ЕУ да го забрза приемот на Црна Гора и Србија, наведувајќи дека пролонгирањето на интеграцијата на Западен Балкан може да претставува закана за безбедноста на целиот регион.

Министрите за надворешни работи на четирите држави од Вишеградската група (Унгарија, Словачка, Полска и Чешка), како и на Австрија, Словенија и Хрватска на денешната средба во Будимпешта разговараа за проблемите со миграцијата и ситуацијата во Западен Балкан и во Украина.

“Ако не можеме да го забрзаме европскиот интегративен процес во Западен Балкан ќе треба да се соочиме со сериозни предизвици за безбедноста во целиот централноевропски регион,” изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Тој додаде дека ЕУ треба да ги забрза преговорите со Црна Гора и Србија и да почне преговори со другите земји од Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG