Достапни линкови

Пандев продолжува да игра за Џенова


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев и следната сезона ќе игра за Џенова. Според пишувањата на италијанските медиуми, Пандев прифатил многу помала плата за и следната сезона да го носи дресот на Џенова иако за останувањето на струмичанецот инсистирал и тренерот Јуриќ. Иако минатиот месец Пандев откри дека имал понуди од Кина, Турција и Полска, сепак тој најави дека сака да остане во Калчото и да ја заврши кариерата во Италија.

Минатата сезона тој настапи на 20 натпревaри вкупно, најголемиот дел од нив ги започнуваше од клупата за резерви, а постигна три гола во Серија А, додека во Купот на Италија одигра три натпревaри и постигна четири голови.

XS
SM
MD
LG