Достапни линкови

Столтенберг побара од Русија да ги повлече војниците од Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја потврди поддршката на Алијансата за територијалниот интегритет на Украина и ја повика Русија да ги отстрани илјадниците војници од Украина и да престанат да ги поддржуваат милитантите со командно-контролната и воената опрема ". Изјавите на Столтенберг следуваат по разговорите со украинскиот претседател Петро Порошенко и други официјални претставници во Киев. Тој додаде дека инвестирањето во безбедноста на Украина претставува исплатлива инвестиција во безбедноста на НАТО и нејзините земји-членки и дека Алијансата научи многу од сајбер-нападите што Украина ги претрпе последниве месеци. Столтенберг побара целосна имплементација на договорите Минск, со цел да се стави крај на конфликтот во источна Украина во кој од почетокот на 2014 година загинаа повеќе од 10.000 луѓе. Столтенберг исто така потврди дека членките на НАТО не ја прифаќаат руската анексија на Крим во 2014 година.

XS
SM
MD
LG