Достапни линкови

Ердоган: Турција започна да работи на изградба на трета нуклеарка


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција сака што е можно побрзо да започне со изградба на планираната втора нуклеарна централа во Синоп на црноморското крајбрежје, а веќе започнала и со работа на проектот за планираната трета нуклеарка. Ердоган за време на Светскиот нафтен конгрес во Истанбул истакна дека Турција е подготвена да разгледа нови проекти, вклучувајќи и системи за дистрибуција на гас во источниот дел на Средоземно Море и во Ирак.

XS
SM
MD
LG