Достапни линкови

Жбогар изрази надеж за потпишување на договорот меѓу Македонија и Бугарија


Шефот на делегациајата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар на денешната прес-конференција.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е потребно сите земји да ги решат билатералните прашања со соседите и со земјите-членки на ЕУ во регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за постигнатата основа за компромис во однос на договорот меѓу Македонија и Бугарија, тој порача дека никогаш нема да се погреши доколку се инвестира во пријателство со соседите. Според него, првите чекори се навистина охрабрувачки.

„Ние не сме вклучени во договорот, но се наведаме дека ќе биде финализиран и потпишан во август. Тоа ќе покаже одлучност на самата Влада за повторно да го гради овој круг на пријатели со соседите“, изјави Жбогар.

Тој на заедничка прес-конференција со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео за претстојниот самит во Трст нагласи и дека со градењето пријателски односи со соседите кои се дел од ЕУ земјата ќе има пријатели кои посилно ќе притискаат за нејзината евроинтеграција.

XS
SM
MD
LG