Достапни линкови

Украина ќе се фокусира врз реформите пред членството во НАТО


Украинскиот претседател Петро Порошенко со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека неговата земја нема веднаш да бара да стане членка на НАТО, туку ќе се фокусира на имплементација на реформите. Говорејќи во Киев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, тој порача и дека властите ќе изградат програма на реформи со цел да ги исполнат барањата на Алијансата за можното идно членство на Украина.

Столтенберг ја изрази поддршката на НАТО за Украина и повика на целосна имплементација на договорот од Минск со кој треба да се стави крај на конфликтот во источниот дел на земјата меѓу владините сили и проруските бунтовници. Тој уште еднаш порача дека земјите членки на НАТО не ја признаваат руската анексија на Крим.

XS
SM
MD
LG