Достапни линкови

Забранет влез за турскиот министер за економија во Австрија


Турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи

Австрија му забрани влез во земјата на турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи, кој планирал да присуствува на настан во Виена на кој ќе се одбележува првата годишнина од неуспешниот обид за пуч во Турција. Според австриските власти, настанот претставува закана по јавниот ред и безбедноста во земјата.

Во минатата недела, на турскиот вицепремиер Тигрул Туркеш не му беше дозволен влез во Холандија со цел да присуствува на сличен настан. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пак се жалеше дека не му било дозволено јавно да говори за време на самитот на Г20 во Германија.

XS
SM
MD
LG