Достапни линкови

Тилерсон во Турција


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со претседателот Реџеп Таип Ердоган, Истанбул, 09.07.2017.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон допатува во Истанбул каде што се сретна со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, како и со претседателот Реџеп Таип Ердоган. По пристигнувањето во Истанбул по престојот во Украина тој му оддаде признание на турскиот народ кој, како што рече, „ја одбрани својата демократија“ застанувајќи против државниот удар пред една година. Тилерсон ова го изјави на отворањето на 22 Светски конгрес за нафтата во својство на поранешен извршен директор на мултинационалната компанија за нафта и гас Ексон мобил. На овој конгрес денеска ќе учествува и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

XS
SM
MD
LG