Достапни линкови

Продолжува шестата седница на Собранието на Македонија


Седница на Собранието на Македонија, архивска снимка

Собранието на Македонија денеска ја продолжува шестата седница на чиј дневен ред, меѓу другото, e и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата треба да почне во 11:00 часот. Претседателиот на Собранието Талат Џафери во четвртокот ја прекина седницата по серијата паузи што ја побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Иџет Мемети. На седницата се расправаше и за Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител. Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека формираа 10 пратенички групи.

XS
SM
MD
LG